Пендаровски: Полноправно членство во НАТО на почетокот на 2020

Пендаровски: Полноправно членство во НАТО на почетокот на 2020

Македонија очекува да стане полноправна членка на НАТО Алијансата во првиот квартал од 2020 година, рече на прес-конференција националниот координатор Стево Пендаровски.

Тој посочи дека пристапните разговори би требало да завршат до крајот на годинава, а потоа ќе се чека ратификација во грчкиот парламент.

– Очекуваме пристапните разговори да завршат до Нова година и потоа целиот процес ќе се префрли во грчкиот парламент и во парламентите на останатите земји-членки. Ратификацијата би требало да трае наредна година, за да станеме членка на НАТО во првиот квартал на 2020 – рече Пендаровски.

Владата на денешната седница го усвои концептот на Националната структура за водење на процесот за зачленување на Република Македонија во НАТО.

Трошоците за Македонија за обврските кон НАТО ќе изнесуваат не повеќе од 500 илјади евра на годишно ниво, рече Пендаровски и додаде дека тоа зависи од бруто домашниот производ и од ресурсите на земјите-членки на Алијансата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …