Наумоски: Во работата на стопанствениците да не се меша политика

Наумоски: Во работата на стопанствениците да не се меша политика

Прилепскиот стопанственик, сопственик на „Витаминка“ и долгогодишен поранешен претседател на УО на Стопанската комора во Прилеп, Симон Наумоски од денеска е почесен претседател на УО на Стопанската комора- Регионална канцеларија во Прилеп.

Прилепските стопанственици на денешната седница на УО, ја донесоа оваа одлука. Му подарија уметничка слика и го наградија со овации, заблагодарувајќи му се за досегашната соработка и неговиот особен придонес во работата на регионалната канцеларија на Стопанската комора во Прилеп.

Наумоски: Во работата на стопанствениците да не се меша политика

Наумоски, којшто патем Прехранбената индустрија „Витаминка“ низ децениите ја издигна во грандиозен производствен капацитет којшто извезува богата палета производи на сите континенти, има несомнено голем придонес во креирањето на економските текови во Прилеп.

Наумоски, заблагодарувајќи им се на своите колеги-стопанственици, се наврати на заедничките години успешна соработка.Тој истакна дека за целиот период на свој ангажам во комората,особено е среќен што стопанствениците коишто доаѓаат од разна политичка провиенција, секогаш одлучувале заедно ослободени од политичката боја.

„Порачувам на сите вас, така да продолжите. Да дискутирате, да носите предлози и решенија како порано, да нема влијание партиската определба на бизнисмените. Во работата на стопанствениците да не се меша политиката“, порача Наумоски.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …