СДСМ бара оставка од градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев

СДСМ бара оставка од градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев

На новинарско прашање за ставот на СДСМ по однос на пресудата на штипска Апелација за градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, пратеникот на оваа партија Костадин Костадинов изјави: 

„Уште кога се случи тоа, партијата го разреши Боро Стојчев од претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село. Започната е постапка за бришење за исклучување од партијата, бришење од евиденција односно отчленување од СДСМ. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како одговорна и државотворна политичка партија, се води од принципите на почитување на правото и на законите.

Оттука го повикуваме Боро Стојчев да си даде неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село. За нас, законите се закони и треба да бидат почитувани и од членството и од функционерите од било која политичка партија“.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …