Меркел: задача на Собранието е да го спроведе договорот со Грција
bilateral meeting of Mrs. Merkel and Mr. Zaev.

Меркел: задача на Собранието е да го спроведе договорот со Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел оценува дека граѓаните на Македонија го поддржале договорот со Грција за решавање на спорот со името и оти задача на Собрането е да го спроведе до крај.

Ова, како што пренесе Дојче Веле, е пораката во писмото на Ангела Меркел до премиерот Зоран Заев упатено на 5 октомври, а кое германската влада го објави вчера. Во писмото Меркел ветува натамошна поддршка на Германија во спроведувањето на Договорот од Преспа. Таа исто така оценува дека на референдумот на 30 септември над 90 насто од оние кои гласале се изјасниле за поддршка на овој договор.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …