Finance Think: Во третиот квартал од 2018, БДП порасна за 3% на годишна основа

Finance Think: Во третиот квартал од 2018, БДП порасна за 3% на годишна основа

Finance Think  го публикуваше Макроекономскиот монитор за третиот квартал од 2018 година, при што е констатирано дека БДП порасна за 3% на годишна основа. Иако овој раст е сеуште под потенцијалот на економијата, тој укажува на блага стабилизација на економската активност по продолжениот период на политичка неизвеност. И понатаму, двигател на економијата остануваат извозната активност и финалната потрошувачка. Особено, растот на потрошувачката на домаќинствата останува детерминиран од растот на платите – во дел одреден и од зголемувањето на минималната плата, потоа од растот на кредитите на населението и на дознаките. Сепак, падот на бруто инвестициите и понатаму ја одразува значителната воздржаност на инвеститорите, како и застојот сврзан со реализацијата на државните капитални инвестиции. На производната страна, растот е на поширокопојасна основа споредено со претходно.

Стапката на невработеност забележа понатамошно намалување до 20.8%. Темпото на намалување на невработеноста е слично како во претходниот период. Падот на невработеноста главно се должи на исцрпување на ефектите од претходните политики: вработувањата во странските фабрики (пораст на вработеноста во преработувачката индустрија) и активните мерки за вработување.

Согласно ваквите движења и очекуваните движења и политики во 2019, Finance Think проектира стапка на раст на БДП за 2019 на 3.3%. Основните претпоставки на оваа проекција вклучуваат стабилизација и намалување на политичките неизвесности, продолжување на приливот на странски инвестиции, забрзување на реализацијата на капиталните инвестиции на државата, како и отсуство на позначајни нарушувања во надворешната побарувачка.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …