Снег на сите планински премини, возете внимателно

Снег на сите планински премини, возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива по, наместа, влажни коловози а на планинските превои со остатоци од кашест снег. Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово-Дебар. Снег врне на Попова Шапка, Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Поради ниските температури, наместа е можна појава на голомразица, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци, можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …