Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, Џафери ќе ги распише на 8 февруари

Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, Џафери ќе ги распише на 8 февруари

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска соопшти дека претседателските избори ќе ги распише на 8 февруари. Првиот круг од изборите ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.

Џафери вели дека првично било планирано првиот круг од изборите да се одржи на 14 април, а вториот на 28 април, но бидејќи се совпаѓа со Велигден, изборите ќе се поместат за една недела подоцна.

Тој додаде дека во тој случај крајниот рок за инаугурација на новиот претседател ќе биде 12 мај, бидејќи на тој датум завршува мандатот на Ѓорге Иванов.

Заедно со претседателските избори ќе се одржат и локални избори во три општини каде сега има в.д. градоначалници.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …