Скопје денеска најзагаден град во светот

Скопје денеска најзагаден град во светот

Сервисот „Ер Вижуал“ кој постојано ја следи состојбата на загадувањето на воздухот во големите градови во светот претпладнево го стави Скопје на врвот на светската листа, со индекс од 217 според AQI.
По Скопје е Дака, Бангладеш, со индекс 189, па Чонгќинг во Кина со иста вредност. Подолу, со индекс 186 е Вухан, Кина, па Калкута со 166.

Индексот AQI се составува според состојбата на загадувањето на воздухот со честички ПМ2,5, ПМ10, јаглероден моноксид, сулфурен диоксид, азотен оксид и со озон на површината, со што се дефинира вредноста, која ја одредува опасност по здравјето на луѓето. Мерната скала е од 0 до 500. Податоците за Скопје се земени од веб-сервисот за мерење на загадувањето на воздухот на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …