Режисерката Бузалковска поднесе оставка од Советот за култура

Режисерката Бузалковска поднесе оставка од Советот за култура

Театарската режисерка Зоја Бузалковска со писмо до премиерот Зоран Заев, поднесе оставка од Советот за култура поради Годишната програма на Министерството за култура. Во писмото кое го објави на својот фејсбук профил таа меѓудругото пишува:

“Вие г-дине Заев, не ја ставивте културата ПОД ТОЧКА РАЗНО, вие ЈА ЖРТВУВАВТЕ! Секогаш кога Ви е потребен „пазар“ за одлуки и гласови, прво посегнувате по КУЛТУРАТА и по ОБРАЗОВАНИЕТО! Тоа само говори за тоа, колку Вие и не го разбирате нивното огромно, суштествено значење за една држава, и посебно за нашава, која претендира да биде дел од едно пошироко европско семејство (бидејќи, сфаќам, тоа Ви е во моментов најважно),” пишува Бузалковска.

Нецели 24 часа по ноќното објавување на резултатите од Конкурсот за проекти од национален интерес на Министерството за култура за 2019 , кулминира незадоволството во јавноста. Според програмата, укинати се бројни музички манифестации, а анонимни лица и фирми ќе добијат огромни средства од буџетот за култура на сметка на видни манифестации, како што се “Скопскиот џез-фестивал” и фестивалот „Оффест“, “Златно славејче”, “Здраво млади” и други.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …