Граѓаните ќе се изјаснат за својата етничка припадност на пописот следната година

Граѓаните ќе се изјаснат за својата етничка припадност на пописот следната година

Граѓаните ќе се изјаснат и за својата етничка припадност на пописот кој треба да се спроведе следната година. Ова било договорено меѓу  Зоран Заев и Али Ахмети. Според информациите на 1ТВ по јавната дискусија по предлог на Заводот за статистика заклучено е дека повеќето граѓани сакале во пописот да стои етничка графа, по што ова прашање било оставено на партиите.

Последен пат успешен попис имаше во 2002 година, а во 2011 година по низа политички контроверзии и обвинувања беше прекинат неколку дена пред крајот.

Извор: 1ТВ

Прочитајте повеќе

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија