РАЗМЕНА НА ЕКОЛОШКИ ИСКУСТВА ВО БИТОЛА
dav

РАЗМЕНА НА ЕКОЛОШКИ ИСКУСТВА ВО БИТОЛА

50-тина наставници и ученици, деновиве се гости во Битола, во рамките на проектот „Биди зелен“, чиј домаќин е средното општинско училиште „Таки Даскало“. Проектот е во рамките на Еразмус плус програмата, а главна цел е да се интегрира таканареченото „зелено образование“, односно да се зајакне свеста кај младата популација за заштита на животната средина.

Градоначалничката Наташа Петровска ги поздрави учесниците во проектот и им посака топло добредојде во Битола, со желби да понесат со себе што повеќе убави спомени и применети искуства од овдешниот престој.

Директорката на СОУ „Таки Даскало“ Елизабета Наумовска посочи дека во проектот учествуваат ученици и наставници од партнерските училишта од Истанбул -Турција, Тагровиште – Бугарија, Вила Верде – Португалија, Баја Маре – Романија и Авр – Франција.

Меѓу останатите содржини, во рамките на проектот учесниците до 5 април ќе реализираат посета на соларна централа,  етно-куќа со традиционална храна, природонаучен музеј, пречистителна станица за вода и дел од културните и историските атракции на  Битола.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …