Одбележан патрониот празник на средното училиште „Орде Чопела“

Одбележан патрониот празник на средното училиште „Орде Чопела“

Делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, претставници од средното училиште „Орде Чопела“ и Здруженијата на борци од Прилеп и Битола, со положување на свежо цвеќе на Могилата на непобедените го започнаа чествувањето по повод 77 годишнината од  смртта на народниот херој Орде Чопела.

Ученици од средното училиште „Орде Чопела“ кое денес го слави својот патрон празник,  положија свежо цвеќе пред  бистите во Алејата на народните херои. Во рамките на одбележувањето на патрониот празник, свежо цвеќе беше положено и пред бистата на Орде Чопела која се наоѓа во училишниот двор и пред бистата во населбата Варош, а попладне во театарот „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи свечена академија.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …