Финансиска полиција демантира дека направила контрола во просториите на ИВЗ

Финансиска полиција демантира дека направила контрола во просториите на ИВЗ

Управата за финансиска полиција денеска демантираше дека вчера извршила увид и контроли во седиштето на Исламската верска заедница во Скопје. Финансиска полиција информира и дека воопшто не презела никакви дејствија досега за контролирање на финансиското работење на ИВЗ, но и дека вчера примила писмена пријава за финансиска контрола во ИВЗ.

Случајот ескалираше вчера, откако приврзаниците на Скендер Бузаку објавија дека дека го преземаат водењето на ИВЗ според судска одлука, како и дека финансиската полиција го контролира работењето на ИВЗ под водство на Сулејман ефенди Реџепи. Ријасетот на ИВЗ и Реџепи пак вечерта од Факултетот за исламски науки во Кондово порачаа дека остануваат на челото на ИВЗ.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …