БИТОЛА: АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „ШИРОКА“
sdr

БИТОЛА: АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „ШИРОКА“

Откако на улицата „Широка“ беше комплетно променета водоводната и канализационата мрежа и беше поставен тампон, денеска се постави асфалтната маса. Увидна екипа од Општина Битола заедно со градоначалничката Наташа Петровска, разговараа со изведувачите за текот и динамиката на работењето, додека пак жителите од оваа улица изразија задоволство од комплетирањето на изгледот на улицата.

Улицата „Широка“ во Битола се асфалтира во должина од 500 метри, а паралелно при реконструкцијата на улицата, се поставуваше улично осветлување и се изработија тротоарите.

Изведувач на градежните работи за ул. „Широка“ е фирмата „Ленди Груп“ од Скопје, а за асфалтирањето на улицата, Општина Битола издвои околу 3.300.000 денари.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …