ДИК: До 17 часот гласале 38,23 отсто од избирачите

ДИК: До 17 часот гласале 38,23 отсто од избирачите

Државната изборна комисија ги соопшти податоците за излезноста на граѓаните на претседателските избори до 17 часот. Од обработените 95,53% од избирачките места, на гласање излегле 665.985 граѓани, или 38,23% од гласачите запишани во избирачкиот список.

Меѓу општините каде е забележан највисок процент на излезност, спаѓаат Аеродром со 45,49%, Битола 45,5%, Богданци 49,08%, Прилеп 53,16%, Гевгелија 57,93%, Вевчани 57,76%, Делчево 50,55%, Демир Капија 60,28%, Крива Паланка 61,28%, Крушево 59,68%.

Општини со најнизок процент на остварено гласачко право се Арачиново со 26,18%, Боговиње 14,04%, Врапчиште 15,83%, Гостивар 19,59%, Липково 19,94%

За избор на градоначалник на Охрид, до 17 часот гласале 47,02% од избирачите запишани во избирачкиот список, додека во Ново Село на гласање излегле 43,88% од граѓаните.

Од изнесените податоци може да се заклучи дека цензусот од 40% излезност ќе биде надминат, а она што е забележително е високиот процент на остварено гласачко право во источниот дел од државата, како и нискиот процент во општините со доминантно албанско население.

Гласачките места ќе бидат затворени во 19 часот.

Прочитајте повеќе

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Ова го правиме за да нема препишување, за да бидат резултатите пообјективни, но и за …