Заев на дводневниот Виенски економски форум

Заев на дводневниот Виенски економски форум

Петседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски, како и министерот за образование и наука, Арбер Адеми денеска и утре ќе учествуваат на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Северна Македонија.

Покрај дискусија за можностите за инвестирање во Северна Македонија, во рамки на форумот владината делегација ќе оствари средби со претставници на реномирани австриски компании.

Попладнево, предвидена е и средба помеѓу премиерот Заев и поранешниот претседател на Република Австрија, Хајнц Фишер, додека утре премиерот Заев ќе се сретне со Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …