„Арапска ноќ“, ново уметничко достигнување на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

„Арапска ноќ“, ново уметничко достигнување на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

Пишува: Зоран Милошески

„Арапска ноќ“ се состои од 5 монолози кои се вешто испреплетени во една комплексна целина. Ваквата форма ја истакнува изолираноста и осаменоста која ја носи модерниот живот во градовите, каде што луѓето живеат толку бликсу едни до други, а толку ретко комуницираат меѓу себе. Оваа приказна е проткаена со многу егзотика, не само како контрапункт на задушливоста на животот во градот, туку и како јасна потреба за бегство од секојдневната рутина која ја наметнува современото живеење.

Лидија Митоска – Ѓорѓиевска

Претставата на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, „Арапска ноќ“ чија премиера се одигра во петокот на 17 мај, е уште една потврда на исклучителниот квалитет на овој театарски колектив. „Арапска ноќ“ е претстава која не смеете да ја пропуштите, како впрочем и сите останати актуелни и идни. Бидејќи, секоја нова претстава на прилепскиот театар, е ново уметничко доживување.

Браво за режисерката на „Арапска ноќ“, Зоја Бузалковска како и за актерите Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Александар Степанулески, Димитар Ѓорѓиевски и групата „Фолтин“.

 

ARABIAN NIGHT

 

Leave me alone

Don’t leave me tonight

The pressure is low

The water is high

 

Ma’am, je vous aime

I just need a friend

You don’t give a fuck

You don’t give a damn

 

Another false alarm

Another bitter smile

Leave me alone

Don’t leave me tonight

„FOLTIN“

Прочитајте повеќе

СДСМ: Селективност не смее да има, да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани

СДСМ: Селективност не смее да има, да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани

Прес конференција на Мартин Костовски организациски секретар на СДСМ Почитувани граѓани, Пред точно една недела, …