Македонски автобус удри во надвозник кај Пловдив и остана без покрив

Македонски автобус удри во надвозник кај Пловдив и остана без покрив

Македонски автобус остана без покрив, откако удри во надвозник во близината на Пловдив, Бугарија. Бугарските медиуми јавуваат дека несреќата се случила утринава околу 7 часот, откако возачот на автобусот не го забележал знакот со предупредување дека висината на надвозникот е 3.3 метри.

Во незгодата нема повредени, бидејќи во автобусот се наоѓале само двајцата возачи, а причинета е голема материјална штета.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …