Крушево: Градоначалникот Христоски го отвори Фестивалот на непрофесионален филм

Крушево: Градоначалникот Христоски го отвори Фестивалот на непрофесионален филм

Томе Христоски, градоначалник на општина Крушево, вчера го отвори 48. Државен фестивал на непрофесионален филм и притоа додели неколку награди.

Истовремено, Христоски доби награда во име на општина Крушево, како еден од организаторите на настанот.

„Драго ми е што вакви и слични настани се одржуваат во Крушево, затоа што Крушево е град на култура, историја и традиција, но и заради тоа што со овие настани се привлекуваат туристи во нашиот град. На сите учесници и оние кои освоиле награда им честитам и ве поканувам повторно да дојдете во Крушево“, изјави Христоски.

На Фестивалот, во конкуренција беа 18 краткометражни филмови, а најдобрите ќе учествуваат на меѓународни натпревари како претставници на нашата држава.

Прочитајте повеќе

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија