ОБСЕ повика да му се овозможи на СЈО непречено да работи

ОБСЕ повика да му се овозможи на СЈО непречено да работи

Шефот на Мисијата на ОБСЕ Клеменс Која денеска изрази загриженост за законот за обвинителство и ги повика сите политички партии да постигнат согласност и да се овозможи СЈО да продолжи непречено да работи. Тој во обраќањето на презентацијата на вториот преоден извештај на ОБСЕ за работата на СЈО, кажа и дека исто така е важно обвинителството да продолжи да работи на независен и професионален начин.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева истакна дека очекува законот за СЈО да биде донесен што е можно побрзо и да се овозможи Обвинителството да работи со проширени надлежности. Според неа, СЈО во изминатите 3 и пол години се обидува да остане во рамките на мандатот, а со тоа да му овозможи на судот доволно докази за да донесе соодветни пресуди.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …