Холандија рече ДА за Македонија, НЕ за Албанија

Холандија рече ДА за Македонија, НЕ за Албанија

Три од петте владејачки партии во Холандија во парламентот поддржаа Резолуција со која побараа од владата на премиерот Марк Руте да не поддржи почеток на пристапни преговори за ЕУ со Албанија, пренесува 360 Степени.

Иста таква резолуција била предложена и за нашата држава, но таа не поминала. Тоа значи дека парламентот во Хаг до холандската влада испратила порака дека во Советот на ЕУ да поддржи старт на пристапни преговори со Северна Македонија, но не во пакет со Албанија.

Колку ова раздвојување на двете држави од Холандија ќе влијае на промена на ставот на Германија, ќе биде појасно после денешната средба на Меркел и Заев во Берлин. Германската канцеларка инсистира на заедничка одлука за Северна Македонија и Албанија, заради што предлага одлуката да биде донесена наесен.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …