Скопје ги чека сигналите од Берлин
bilateral meeting of Mrs. Merkel and Mr. Zaev.

Скопје ги чека сигналите од Берлин

Од денешната средба Заев – Меркел во голема мера ќе зависат настаните на домашната политичка сцена. Без датум за преговори си ЕУ, се отвораат разни опции – од враќање на мандатот, до нови избори.

Враќање на мандатот, преземање поединечна одговорност, промени во владиниот состав или предвремени парламентарни избори. Која од овие опции ќе биде „на маса“, ќе зависи од денешната средба на македонскиот премиер со германската канцеларка Ангела Меркел. Ова лично го најави премиерот Заев, во очекување дека денеска од официјален Берлин ќе добие потврда кога вратите на ЕУ ќе се отворат за преговарачкиот процес со Северна Македонија. Датумот за почеток на преговори со ЕУ не се смета за награда, туку за заслужена шанса по напредокот што го постигна земјата, а беше нотиран во Извештајот на ЕК. Во домашната јавност целото внимание е насочено кон денешната средба. Од нејзиниот исход ќе зависи „есапот“ на владејачката коалиција и на опозицијата.

Одлагањето ќе донесе негативни ефекти

Премиерот Заев, кoj вчера ја започна дводневната посета на СР Германија со учество на годишниот прием на Здружението за Источна Европа на германското стопанство, уште во обраќањето на тема „Реформите во стопанството и општеството – Патот на Северна Македонија во ЕУ“, испрати порака за очекувањата на Северна Македонија.

„Пред 10 дена добивме уште една, овој пат безусловна препорака за старт на преговорите со ЕУ. Заедно со процесот за членство во НАТО, признанијата се однесуваат и на нашите политички остварувања во добрососедската политика. Северна Македонија нема отворени прашања со соседите, а храбрите одлуки се наградени со признанието дека ние сме блескав пример во регионот“, истакна Заев во говорот.

Тој потенцира дека Северна Македонија сега со право очекува одлука втемелена на постигнувањата.

„Одложувањето на таквата одлука ќе се смета за негативно и ќе има негативни ефекти. Која било друга одлука освен онаа за отворање на поглавјата за преговори негативно ќе се одрази на внатрешните политички процеси и ќе ја стави под знак прашалник стабилноста на владината коалиција. Дополнително, ќе ја разбуди разочараноста кај граѓаните, ќе го запре имплементирањето на Преспанскиот договор и ќе нанесе штета на динамиката на реформите. Тоа ќе го дополни со гориво ултранационализмот на нашите претходници во владата, нешто што јас и моите колеги го отфрливме“, рече премиерот во обраќањето.

Извор: DW

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …