Пратеникот Милошоски шири лажни вести и не се чувствува одговорен

Пратеникот Милошоски шири лажни вести и не се чувствува одговорен

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, вчера (19.06.2019) на Твитер објави, наводно, „шокантна вест“ дека на завчерашниот состанок на Советот на министри, на кој се разговараше за одредувањето датум за преговори на ЕУ со Македонија и Албанија, седум членки биле против тоа, пишува „КриТинк“.

На денешниот ЕУ Совет 7 членки биле против датум за преговори со МК и АЛ:

ФР, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија.

12 членки биле за преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, ИТ, СЛО, ХР, БГ, РО, ЕСТ, Латвија, Литванија.

Грција и другите воздржани!, напиша Милошоски на Твитер.

Ваквата (дез)информација пратеникот ја „поткрепи“ и со принтскрин од напис во „Фајненшл тајмс“ чијшто наслов гласи: „Ладен туш од Франција и Британија за надежите на Балканот за брз прием во Европската Унија“.

„Шокантната вест“ на Милошоски, ја пренесоа речиси сите медиуми во Македонија, а без притоа да ја проверат нејзината (не)вистинитост.

Но, оваа дезинформација на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ набрзо беше демантирана од повеќе страни.

Целиот текст може да се прочита тука.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …