Неексплодирана бомба ја „стресе“ прилепската чаршија

Неексплодирана бомба ја „стресе“ прилепската чаршија

Информацијата која денеска го привлече вниманието на прилепската јавност, беше веста дека во летната бавча на кафетеријата „Кафе Ин“ во центарот на градот е пронајдена неексплодирана рачна бомба.

Неексплодирана бомба ја „стресе“ прилепската чаршијаНеофицијалните информации до кои дојде ПУБЛИКУМ, велат дека бомбата биле фрлена ноќеска околу 02.30 часот од страна на засега непознато лице. На бомбата, како што може да се види и од фотографијата, бил отстранет осигурувачот, после што била фрлена. Меѓутоа од одредени причини бомбата не експлодирала, туку само испуштила чад.

Откако околу пладне бомбата била забележана, алармирана била полицијата, при што беа евакуирани сите околни објекти, а експлозивната направа беше отстранета од страна на специјалната единица за антитероризам од Скопје.

Во текот на утрешниот ден, се очекува МВР да излезе со повеќе информации околу настанот.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …