Заев од Кочани: Владата останува посветена на поддршката на големите проекти на општините

Заев од Кочани: Владата останува посветена на поддршката на големите проекти на општините

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска ја посети Општина Кочани и оствари куса средба со градоначалникот Николчо Илијев, со претседавачот на Советот на општината Томе Солевски, и со Александар Киров, директор на Јавното претпријатие за водостопанство.

Низ разговорот на средбата премиерот Заев и соговорниците од Општина Кочани констатираа дека општината на најдобар начин ја искористи финансиската поддршка на Владата на РСМ за покривање на долговите што ги остави во наследство претходната локална самоуправа. Заеднички беше потенцирано дека тоа овозможи буџетот на општината да биде насочен за реализација на проектите за кои граѓаните на локалните избори укажаа дека се од посебен интерес.

Средбата се оствари непосредно по отворањето на пречистителната станица во Општина Кочани што беше поттик за разговор за идните капитални проекти од значење за општината и за граѓаните, и за учеството на централната власт и меѓународните фондови во поддршката за реализација на овие проекти.

Прочитајте повеќе

сончево со облаци

Продолжува периодот на нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Денеска ќе се задржи сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Попладне ќе …