Пендаровски го прими Началникот на Генералштабот на норвешките вооружени сили, адмирал Хакон Брун-Хансен

Пендаровски го прими Началникот на Генералштабот на норвешките вооружени сили, адмирал Хакон Брун-Хансен

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Кралството Норвешка, адмирал Хакон Брун-Хансен.

На средбата беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу Северна Македонија и Норвешка, особено за билатералната воена соработка. Соговорниците заклучија дека со идното членство на Северна Македонија во НАТО се отвораат нови можности за проширување на партнерството меѓу армиите на двете земји.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за норвешката поддршка за аспирациите на Северна Македонија за членство во НАТО, потврдена со ратификацијата на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО од страна на норвешкиот парламент во јуни.

Претседателот Пендаровски изрази очекување дека во наредниот период ќе биде завршена ратификацијата во сите држави членки на Алијансата и до крајот на оваа година Северна Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО.

Северна Македонија, истакна претседателот Пендаровски на средбата, со својот придонес во мировните мисии на Алијансата, е активен поддржувач на мирот на глобално ниво и нејзиното зачленување во НАТО е одамна заслужено.

Со полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, рече претседателот Пендаровски на средбата, ќе биде заокружена една од клучните стратешки определби на државата, што ќе придонесе за нејзиниот севкупен развој.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …