Заев со честитка за празникот Успение на Пресвета Богородица: Да продолжиме да го живееме секој ден со добрина, радост и љубов!

Заев со честитка за празникот Успение на Пресвета Богородица: Да продолжиме да го живееме секој ден со добрина, радост и љубов!

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска присуствуваше на црковна литургија во манастирот Св. Леонтиј во с. Водоча по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. По тој повод премиерот Заев упати честитка до христијанските верници кои денеска празнуваат.

„Исполнети со радост, по Божествена литургија во чест на Мајката Божја, ја користам приликата да им честитам на сите православни Христијани и на сите Христијани воопшто, големиот празник Успение на Пресвета Богородица.

Го славиме со добрина, со радост, со љубов, затоа што отсекогаш така се славел. По тоа и го знаеме Празникот и треба секој ден да продолжиме да живееме, со добрина, со радост, со љубов. Нема проблем, нема предизвик, којшто не можеме да го совладаме ако пристапиме со добрина, со љубов, со радост.

Во името на тоа, да го живееме секој ден, да си помагаме, да си подаваме рака еден на друг, секогаш пристапувајќи еден со друг со добрина, со радост и со љубов. Нека е честит големиот празник Успение на Пресвета Богородица!“

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …