Сушата ја намали издашноста на „Студенчица“, од утре во системот за водоснабдување на градот се вклучуваат и бунарите

Сушата ја намали издашноста на „Студенчица“, од утре во системот за водоснабдување на градот се вклучуваат и бунарите

Соопштение на  ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп:

Почитувани граѓани,

Поради големата суша и неповолните временски услови, енормно е намалена издашноста на изорот Студенчица. Од тие причини, количините на вода кои ЈКП „Водовод и канализација” –  Прилеп ги добива од ЈП „Студенчица” не се доволни во целост да ги задоволат потребите за вода на граѓаните на општина Прилеп.

Како резултат на тоа, во одделни делови од градот можно е да се почувствува недостаток на вода или намален притисок. Со цел да се обезбеди доволно количество на вода до секој наш корисник, ЈКП „Водовод и канализација” во моментов врши перење на бунарските постројки и истите ќе бидат ставени во употреба во текот на утрешниот ден, сабота 31 август.

Истовремено, сакаме да ве информираме дека нашите екипи ќе бидат постојано на терен, ќе вршат пренасочување на водата во системот со цел да обезбедиме доволно количество на вода до секое семеjство во нашата општина. И покрај тоа, доколку нема подобрување на состојбата и издашноста на изворот „Студенчица” продолжи да опаѓа, ЈКП „Водовод и канализација” ќе започне со рестрикции на водоснабдувањето во градот. Доколку истото се случи, ЈКП „Водовод и канализација” редовно и навремено, ќе ги известува граѓаните во кои делови на градот и во кој временски период на денот ќе почувствуваат недостаток на вода.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …