Димовски за в четврток ја закажа седницата на Комисијата за разрешување на Јанева

Димовски за в четврток ја закажа седницата на Комисијата за разрешување на Јанева

Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања, Илија Димовски, за в четврток во 12 часот ја закажа седницата на која ќе се разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Димовски информира дека сè  уште не се знае дали за извештајот ќе се расправа зад затворени врати или седницата ќе биде јавна, и најави дека ќе испрати барање до новиот претседател до Советот на јавни обвинител, Ацо Колевски, да го декласифицира документот.

За тоа дали седницата ќе биде јавна или затворена, Димовски смета дека треба да одлучи Комисијата со двотретинско мнозинство, а не да биде одлука на Советот на јавни обвинители.

Негов личен став е дека Комисијата за прашањата за избори и именувања треба да биде отворена за јавноста заради, како што рече, поголема доверба на граѓаните во Собранието и правосудниот систем.

Доколку се одлучи седницата за извештајот да биде затворена, на неа, како што рече, ќе можат да присуствуваат исклучиво членовите кои имаат безбедносен сертификат, но и пратеници кои не се членови, а поседуваат валиден сертификат за класифицирани информации.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Заменик- претседателот на Владата, Фатмир Битиќи на својата официјална фејсбук страница имаше реакција на едностраната …