Растот на БДП изнесува 3,1 отсто во вториот квартал

Растот на БДП изнесува 3,1 отсто во вториот квартал

Домашниот бруто-производ (БДП) во второто тримесечје од 2019 година е зголемен за 3,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Најголем пораст е забележан во секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7,5 отсто,  земјоделство, шумарство и рибарство од 3,9 и стручни, научни и технички дејности, дминистративни и помошни услужни дејности од 3,6 процент.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од годинава, номинално пораснала за 4,6 отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 69 проценти.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 10,2, а увозот за 10,5 отсто.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Советот на Народна банка

Советот на Народна банка, на редовната седница, го усвои Годишниот извештај за 2023 година

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана на 25 април 2024 година, го усвои …