Гувернерката на средба со министерката за финансии: Соработката да продолжи на високо ниво

Гувернерката на средба со министерката за финансии: Соработката да продолжи на високо ниво

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска се сретна со министерката за финансии, Нина Ангеловска, информираат од Народна банка.

„Успешната соработка меѓу Народната банка и Министерството за финансии е клучна за донесувањето и спроведувањето на дел од политиките со кои се поттикнува економскиот развој на земјата. Со заеднички заложби, очекуваме дека соработката и комуникацијата меѓу двете институции и натаму ќе се остварува на веќе воспоставеното исклучително високо ниво, со максимална посветеност на заедничките приоритети за одржување на макроекономската и финансиската стабилност, како и за поттикнување на развојот на нашиот финансиски систем“, се вели во соопштението.

Ангеловска истакнала дека е од голема важност да се продолжи со добрата координираност на монетарната и фискалната политика, бидејќи таа е и еден од предусловите за стабилна и просперитетна економија.

„Тимовите на двете институции и натаму интензивно ќе работат на задржување на макроекономската и финансиската стабилност и нa целосно остварување на повеќе започнати, заеднички проекти, како и на сето она што треба заеднички да го остварат во рамки на тековните институционални активности. Истовремено, како што беше кажано од соговорниците, заеднички активно ќе се работи и на поттикнување и поддржување што поголема финансиска инклузија. Сето ова на среден и долг рок треба да придонесе за  поповолен амбиент за економски раст чии придобивки ќе ги почувствуваат сите“, се додава во соопштението.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …