Општина Прилеп го одбележа Денот на независноста, 8.Септември

Општина Прилеп го одбележа Денот на независноста, 8.Септември

По повод 8.Септември, Денот на независноста на нашата држава, градоначалникот Илија Јованоски, претседателот и членови на Советот на општина Прилеп, делегации на Сојузот на борци, политички партии и здруженија на граѓани, положија цвеќе пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто и на Могилата на непобедените,

Поздравувајќи ги присутните, градоначалникот Јованоски истакна дека 8.Септември е симбол на борбата на многу генерации за изградба на просперитетна, економски силна и стабилна македонска држава.

„Од името на локалната самоуправа и Општина Прилеп, на сите граѓани им го честитам 8.Септември, Денот на независноста на нашата држава. Денес им оддаваме почит на сите борци и херои кои своите животи ги дадоа за независна македонска држава. Ние како граѓани, пред 28 години на овој ист ден, на референдум гласавме за независна, самостојна македонска држава која и понатаму треба да ја чуваме и негуваме. Она кое што сакам да посочам, е дека треба да ја градиме денешницата, за да имаме подобра иднина на младите генерации. Тоа е наша должност“, посочи градоначалникот Јованоски.

На распишаниот референдум, на 8.Септември 1991 година, од 1.495.626 граѓани со право на глас, на гласање излегле 1.132.981 граѓани или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 односно 95,09 отсто.

Прочитајте повеќе

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Ова го правиме за да нема препишување, за да бидат резултатите пообјективни, но и за …