Специјалното јавно обвинителство сè уште постои, сè уште функционираме според законот за СЈО до септември 2020, изјави денеска обвинителката од СЈО Ленче Ристоска пред судското рочиште за случајот „Талир“.
– Верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште не губам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение – рече Ристовска.
Таа најави дека во текот на денот, СЈО ќе излезе со официјално соопштение за содржината на дописот од јавниот обвинител и за сето она што треба да го соопштат како информација во однос на предметите кои треба да ги предадат.
– Последните консултации со колегите ќе ги направиме денеска и ќе објавиме официјален став на Обвинителството – рече Ристовска.
Извор: МЕТА