На Олимп, Грција, загина македонски планинар

На Олимп, Грција, загина македонски планинар

Планинар од Македонија го загуби животот на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија. Неофицијално, на планинарот чиј идентитет не е соопштен, претходно му се слошило што било причина за неговиот пад во провалијата. Обдукцијата дополнително ќе ги утврди точните причини за смртта.

Според информациите на МИА, станува збор за група од околу девет лица од нашата земја, кои планинареле на Олимп.

Во пренесувањето на телото од местото на несреќата во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“, што се наоѓа на надморска височина од 2.100 метри интервенирале 14 пожарникари од специјалната спасувачка единица и противпожарната служба од Литохоро.

 

Прочитајте повеќе

Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Јавен обвинител предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, …