Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ утре, среда 18 септември, ќе настапи на годинашниот фестивал Млад отворен театар во Скопје (МОТ), со претставата „Арапска ноќ“.
Публиката ќе може да ја проследи претставата работена по текст на Роланд Шимелфениг, во режија на Зоја Бузалковска, во која играат Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Александар Степанулески и Димитар Ѓорѓиевски. Музиката е на Фолтин, а сценографијата и костимите на Јулијана Војкова Најман.
„Арапска ноќ“ е современа приказна за една чудна ноќ на станарите на еден станбен блок, во една зграда иста како илјадници други, приказна која го прикажува нивното магично отклонување од механизмот на секојдневието.