Општина Аеродром се ослободи од е-отпадот

Општина Аеродром се ослободи од е-отпадот

Општина Аеродром денеска се ослободи од старите и дотраени електронски апарати.

Имено, здружението „Нула отпад“ денеска од просториите на Општина Аеродром подигна 21 компјутер, 29 монитори, 3 лаптопи, 2 печатачи, 30 тастатури и 6 мауси.

Со ова, Општината се вклучи во низата акции што веќе неколку години ги организира „Нула отпад“ на ниво на целата територија, при што граѓаните имаат можност бесплатно да се ослободат од електронскиот и електричниот отпад.

Општина Аеродром во соработка со „Нула отпад“ гради систем на висока општествена одговорност и придонесува за поздрава и почиста околина. Ваквите акции имаат цел да ја зголемат свеста кај граѓаните за справувањето со опасниот отпад што ќе придонесе да се зачувува животната средина.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …