Министерот Едмонд Адеми на комеморативна церемонија за претседателот Жак Ширак

Министерот Едмонд Адеми на комеморативна церемонија за претседателот Жак Ширак

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, придружуван од aмбасадорката на Република Северна Македонија во Франција, Јадранка Чаушеска Димов, како претставници на Владата ќе присуствуваат на комеморативната церемонија по повод смртта на поранешниот претседател на Франција, Жак Ширак, на 30 септември во Париз.

Претседателот Жак Ширак беше голем пријател на нашата земја и поддржувач на нашата европска и евроатлантска иднина. Неговата заложба за интегриран Балкан беше важна политичка поддршка во тоа време.

Како Претседател на Франција во 2005 година, ја афирмираше поддршката за доделување на кандидатски статус на нашата земја.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …