Бензинска станица

Од полноќ цените на горивата пониски за еден денар

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска поевтинуваат горивата.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 изнесува 71 денар а Еуродизелот ќе се продава по 63,00 денари за литар.

За еден денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство, чија цена ќе изнесува 52,50 денари за литар, додека малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,876 денари за килограм и ќе изнесува 33,158 денари за килограм.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …