Средба на претседателот Пендаровски со Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Ламберто Заниер

Средба на претседателот Пендаровски со Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Ламберто Заниер

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Ламберто Заниер. 

На средбата се разговараше за ангажманот и поддршката на ОБСЕ за унапредување на меѓуетничките односи во Република Северна Македонија, во контекст на евроатлантските интеграции на државата.

Претседателот истакна дека Република Северна Македонија е успешен и позитивен пример во регионот со својот пристап кон градење на односи на толеранција и соработка меѓу различните етнички заедници.

Претседателот Пендаровски, заблагодарувајќи се на комесарот Заниер за ангажманот и поддршката која ОБСЕ ја дава во унапредување на односите меѓу етничките заедници, нагласи дека во Северна Македонија високо се цени поддршката што организацијата ја дава во повеќе области од интерес на напредокот на државата, особено во областа на владеење на правото.

Соговорниците разменија мислења за долгогодишната соработка со ОБСЕ и нивната поддршка на реформите на Република Северна Македонија и беа разменети мислења за севкупните состојби во државата.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …