Денеска облачно и дождливо време со значителен пад на температурата

Денеска облачно и дождливо време со значителен пад на температурата

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни претпладне во јужните и источните делови. Кон крајот на денот, врнежите на истокот од државата ќе престанат. Ќе дува засилен северен ветер особено долж Повардарието, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, која ќе се движи во интервалот од 10 до 19 степени Целзиусови.

Во деновите од викендот не’ очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб умерен ветер од северен правец. Во вечерните часови температурата ќе се движи помеѓу 3 и 10, а максималната дневна температура ќе достигне 24 степени.

Прочитајте повеќе

ФР: Поместување надесно во Северна Македонија-ЕУ е соучесник

ФР: Поместување надесно во Северна Македонија-ЕУ е соучесник

Со победата на националпопулистите во Северна Македонија поверојатно е зголемување отколку намалување на тензиите во …