Нови грејни тела за подрачните училишта во општина Крушево

Нови грејни тела за подрачните училишта во општина Крушево

Општина Крушево обезбеди грејни тела за подрачните училишта на ОУ „Никола Карев“ Крушево во населените места, при што старите и дотраени тела ќе се заменат со нови.

„Обезбедивме нови грејни тела во пресрет на доаѓањето на зимата. Старите грејни тела ги заменуваме со нови, со цел поефикасно и поекономично затоплување во секое подрачно училиште во општината, како и подобра работна средина за учениците“, изјави градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

Претходно, во подрачните училишта во општина Крушево се бојадисуваа внатрешните ѕидови, во училиштето во с. Норово беа поставени нови плочки а се уредуваше и дворот. Исто така, Општината е партнер во проектот за меѓуетничка интеграција на Министерството за образование и наука, кој се спроведува во дел од населените места.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …