Стоп Полиција

Од билтенот на СВР Битола

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, за време на викендот, 4, 5, и 6 октомври, извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила и непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека под дејство на алкохол управувале 42 возачи кои биле исклучени од сообраќај, 34 возачи управувале возило без возачка дозвола, 14 возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 66 возачи,на четворица возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило. За сите прекршоци изречени се соодветни казни.

На 06.10.2019 на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, патничко возило „БМВ” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(26) од Прилеп, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил совозачот С.Д.(48), додека возачот се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Прилеп.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …