Курдите и Дамаск склучија воен сојуз против турската офанзива

Курдите и Дамаск склучија воен сојуз против турската офанзива

Курдската администрација во северна Сирија објави дека е постигнат договор со сириската влада во Дамаск за распоредување на сириски трупи во близина на границата со Турција, за да се одговори на офанзивата што ја спроведува Анкара.

„За да ја спречиме и да се спротивставиме на агресијата, постигнат е договор со сириската Влада според кој сириската армија може да се распореди долж сириско-турската граница за да им помогне на Сириските демократски сили (СДФ)“, објави курдската администрација на својот профил на Фејсбук.

Овој сојуз уследува откако САД објавија конечно повлекување на сите свои војници од Сирија, а војската на САД беше најсилниот сојузник на Курдите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …