СДСМ: На прав пат сме, САД го ратификуваа Протоколот за пристапување, Северна Македонија - 30 земја членка на НАТО

СДСМ: На прав пат сме, САД го ратификуваа Протоколот за пристапување, Северна Македонија – 30 земја членка на НАТО

Соопштение на СДСМ:

Сенатот на САД вчера со огромно мнозинство, 91 глас за и само 2 против, го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

Со тоа преостануваат уште ратификации од уште само 4 земји членки, до официјално пристапување во НАТО.

Република Северна Македонија е на прав пат. Се остварува врвен стратешки и национален интерес поставен од денот на независноста – полноправно членство во НАТО Алијансата.

Членството во НАТО гарантира безбедност и стабилност на државата и трајно осигурување на нејзините граници. Истовремено, членството во НАТО значи и повеќе инвестиции, стабилна економијата, нови работни места и повеќе пари во секое семејство.

СДСМ продолжува со политиките што обезбедуваат развој, напредок и интеграција. Остануваме посветени на реализација на мерките што овозможуваат економски раст, нови работни места и повеќе пари кај секој граѓанин.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

„Ви се обраќам со длабоко чувство за важноста на двојните избори во среда. Државата ни …