Ќе се подобрува управувањето со отпад во Делчево, Берово и Пехчево

Ќе се подобрува управувањето со отпад во Делчево, Берово и Пехчево

Локалната акциска група (ЛАГ) Малеш – Пијанец, започнува со реализација на проект кој треба да придонесе за подобрување на состојбата со управувањето со отпадот во општините Делчево, Берово и Пехчево.

Како еден од  седумте ЛАГ-ови кои се формирани во државата, ЛАГ Малеш-Пијанец го потпиша првиот договор со Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој за поддршка на дел од приоритетите и за институционално функционирање на самиот ЛАГ. Станува збор за проектот кој треба да го подобри квалитетот на живеење на граѓаните, со акцент на подобро управување со отпадот кој е еден од основните проблеми во регионот.

Со  проектот е предвидено во трите општини Делчево, Берово и Пехчево да се воведе почетна селекција на отпадот со поставување јадра за селекција на отпад од стакло, пластика и хартија, а ќе се набават контејнери и парковски канти за отпад. Исто така, се предвидува и набавка на камери кои ќе с епостават на јавни површини и треба да придонесат за подобра контрола и заштита на јавните површини и урбаната опрема.

Средствата кои ЛАГ-от ги добива од ресорното Министерство се во висина од 880.000 денари,а останатите трошоци се на товар на трите општини.

Прочитајте повеќе

сончево со облаци

Продолжува периодот на нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Денеска ќе се задржи сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Попладне ќе …