Младите лесно подлегнуваат на дезинформации преку социјалните медиуми и интернет порталите

Младите лесно подлегнуваат на дезинформации преку социјалните медиуми и интернет порталите

Младите се генерално свесни за проблемот со веродостојноста на изворот или квалитетот на една вест, но лесно подлегнуваат на дезинформации добиени преку социјалните медиуми и интернет портали кои претставуваат нивни главен извор на информирање. Ова е само еден заклучок од резултатите добиени од истражувањето „Критичко размислување и навиките на информирање кај младите“ спроведено во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“.

Денешната презентација на истражувачките резултати се одржа во рамките на првиот дел од завршната конференција на „Деновите на медиумска писменост 2019“ во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Скопје.

Истражувачот м-р Александар Стојановски од проектниот партнер „Евротинк“ посочи дека предмет на ова истражување била способноста на младите за критичка мисла и односот кон мислењето како когнитивен процес, како и медиумската писменост, т.е. односот кон медиумите и интеракцијата со различните видови медиуми и информации. Истражувањето е спроведено преку анкета и тестирање на 300 бруцоши во текот на учебната 2018 – 2019 година.

Стојановски укажа дека во однос на медиумските навики и информативните стандарди, младите информациите ги добиваат претежно од интернет и дека преку примена на логички тестови може да се заклучи дека не се доволно опремени за критичко мислење.

Младите лесно подлегнуваат на дезинформации преку социјалните медиуми и интернет порталите

Во делот на сфаќањето за тоа што се веродостојни извори на информации, голем дел од младите сметаат дека Википедија, која е платформа подложна на манипулации, е веродостоен извор на информации.

Презентацијата на истражувачките е јавно достапна во одделот „Истражувања“ во рамки на е-Библиотеката на веб-сајтот на „КриТинк“. Проектот „Критинк“ го спроведуваат Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ со финансиска поддршка од Европската Унија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …