Пацоли донираше милион евра за обновување на погодените подрачја од земјотресот

Пацоли донираше милион евра за обновување на погодените подрачја од земјотресот

Косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата во заминување, Беџет Пацоли донираше милион евра за обновување на подрачјата погодени од катастрофалниот земјотрес во Албанија. Тој преку објава на Фејсбук, соопшти дека тоа е најмалку што тој и неговото семејство може да направат за, како што пишува „нашата драга Албанија“.

Пацоли пишува дека парите ќе бидат наменети за реконструкција и ќе бидат потрошени транспарентно во соработка со албанската влада. Истовремено, тој соопшти дека на организиран начин ќе прифати околу 100 семејства во Приштина. Бројот на загинати во Албанија надминува 40.

Прочитајте повеќе

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

САД ја обвинија Русија за употреба на хемиско оружје против украинската војска, Москва демантира. Русија …