Прилеп: „Администрацијата чисти“ - голема еколошка акција за чистење на градот

Прилеп: „Администрацијата чисти“ – голема еколошка акција за чистење на градот

Во рамки на припремите на големата еколошка акција за чистење на градот и неговата околина, која ќе се одржи во сабота на 14 декември, денеска во Општина Прилеп се одржа координативен состанок со директорите и раководителите на државните институции и јавните претпријатија.

На состанокот се разговараше за локациите на кои ќе биде спроведена акцијата, за бројот на административци кои ќе бидат вклучени во неа, како и за планот за нивно распоредување и транспорт до избраните локации. Во големата еколошка акција учество ќе земат и приватните градежни фирми, кои на располагање ќе ја стават сета своја механизација.

Освен одработување на 2 јануари кој беше прогласен за неработен ден, целта на акцијата е вработените во државната администрација да учествуваат во акција за чистење на животната средина.

Акцијата е дел од Оперативниот план на Владата за чистење на животната средина, кој во сабота 14 декември, под мотото „Администрацијата чисти“ ќе биде спроведен во повеќе градови во земјата.

Прочитајте повеќе

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Ова го правиме за да нема препишување, за да бидат резултатите пообјективни, но и за …