Во Делчево отворена изложбата „8 МЕГА -АНА“

Во Делчево отворена изложбата „8 МЕГА -АНА“

Уникатната изложба под работен наслов „8 Мега- ана“ плод на повеќегодишна работа на стручните тимови од Природонаучниот музеј од Скопје и Музејот од Софија денеска беше отворена во Делчево. Изложбата е составена од фосили ископани во Долни Дисан-Неготинско кои нѐ враќаат 8 милиони години назад, во времето на миоценот, но и дел од фосилите од палеонтолошката гробница кај Стамер, кои докажуваат дека на територијата на нашата држава живееле праисториските животни -предците на денешната фауна во Северна Африка.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски,  кој ја отвори изложбата истакна дека ова е природното богатство со кое Делчево се гордее.

– Моите заложби се да дадам поддршка да продолжи научната работа на овој терен,  за да видиме што уште крие земјата во Стамер, но првата задача која ја завршивме беше да ја заштитиме оваа територија како природна реткост, нешто што се препозна од Министерството за животна средина и за што добивме и официјална потврда. Втората задача на која работевме изминатиов период е повторно да го отвориме Локалниот музеј „Пијанец“ кој како посебна локална установа и во соработка со нашите пријатели од Природонаучниот музеј од Скопје, ќе има обврска и надлежност да иницира истражувања на теренот, но и да сочува како музејски експонати дел до фосилите кои ќе се откопаат на овој терен. Оваа изложба е, всушност, своевидна најава за почетокот на работа на Локалниот музеј „Пијанец“, кој во себе ќе го чува и промовира културното, историското етнолошкото, но и палеонтолошкото богатство на Пијанец, истакна Трајковски.

М-р Билјана Гаревска, виш кустос од Природонаучниот музеј од Скопје истакна дека  изложбата е воспитно-образовна и ќе им овозможи на посетителите да се запознаат со една ретка фосилна мега фауна карактеристична за Балканот.

-Изложбата се состои од фосилен материјал од 5 различни видови фосилни слонови кои за прв пат се среќаваат на еден ист локалитет, потоа носорози, џиновски мрзливци, антилопи, газели, мајмуни и др. кои се членови на така наречената пикерминска фауна. Односно, запознавање на посетителите со една интересна група на фосилни цицачи стари 8 милиони години. Исто така, изложени се и  минерали од Делчевско, како и теренски црно – бели документарни фотографии од авторот Александар Гаревски, рече Гаревска..

Изложбата во Делчево ќе биде отворена до средината на месец јануари наредната година.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче: Верувам дека ниеден наш член не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола

„Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам …