Основните училишта во Аеродром добија прочистувачи на воздух

Основните училишта во Аеродром добија прочистувачи на воздух

Речиси сите основни училишта во Општина Аеродром добија прочистувачи на воздух.

Станува збор за набавка на апарати за прочистување на воздухот, како дел од активностите од Планот за чист воздух на Владата што се спроведуваат во рамките на борбата против аерозагадувањето.

За Аеродром се донирани 38 прочистувачи на воздух, за училниците во кои престојуваат деца со целодневна настава.

Како дел од мерките, во вторникот во градинката „Буба Мара – Пчелка 2“ досегашниот нееколошки систем на греење на нафта беше заменет со високоефикасни инвертер-клими.

Општина Аеродром и натаму останува посветена на ублажување на штетните последици од енормното загадување на воздухот.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …